• Саше Љолес

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, е добитник на наградата „13 ноември“, која му припаѓа на најдобриот спортист на Град Скопје за изминатата година.
Ивановски сосема заслужено го добива признанието поради сите успеси што ги оствари во текот на минатата сезона, а воедно настапи и на Олимписките игри во Париз, каде стана првиот Македонец во историјата кој успеал да ја заврши маратонската трка. Исто така постави и неколку лични рекорди и го потврди своето високо место меѓу најдобрите спортисти од нашата држава.
Признание доби и неговиот тренер Игор Јакиковски, а награда за животно дело добија фудбалскиот тренер Ѓоко Хаџиевски, атлетскиот тренер Ѓорѓи Чадиковски и ракометниот тренер Владимир Радиќ.
Останатите добитници на наградата „13 Ноември“ се: Марјан Угриновски – професор во ОУ „Јан Амос Коменски“, Мирјана Крстевска – професорка во СУГС „Димитар Влахов“, Филип Поповски – спортски работник и Влатко Неделковски – декан на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје и спортски работник.

