Бразилска атлетска ѕвезда доби петгодишна суспензија поради користење допинг

Бразилскиот маратонец и еден од најдобрите јужноамерикански атлетичари, Даниел До Насименто, официјално е суспендиран на пет години поради позитивен наод на допинг-тест кој покажал присуство на три забранети супстанци.. 

Тестирањето се одржало непосредно пред Олимписките игри во Париз минатата година, а во неговиот примерок од крвта биле пронајдени метенолон, дростанолон и нандролон, соопшти Единицата за атлетски интегритет (АИУ). 

Во соопштението се наведува дека биле констатирани „јасни докази за повеќе строогозабранети сусптанци“, а позитивните резултати биле потврдени и после второто тестирање. 

До Насименто го признал допингувањето и затоа шестгодишната суспензија му била намалена за една година, што автоматски значи дека ќе ги пропушти Олимписките игри во Лос Анџелес.

Фото/Foto: Wagner Carmo / CBAt