Атлетичарот Ивановски победник на полумаратонот во Белград

Дарио Ивановски, еден од најдобрите македонски атлетичари, денес славеше на полумаратонска трка што се одржа во склоп на 30. издание на Белградскиот маратон.

На овој полумаратон, кој Ивановски патеката долга 21,1 километар ја истрча за 1:10.01 час, настапија уште голем број на македонски атлетичари, кои се подготвуваат за претстојниот Скопски маратон. 

11. издание на Скопскиот маратон е закажано за на 7 мај, а промотерки на овој настан ќе бидат сестри близначки од Естонија, Лејла, Лина и Лију Луик.