ВИДЕО: Антологиски светски рекорд на Чепнегич на маратонот во Чикаго

Светот на атлетиката слави историски резултат. Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич постави нов светски рекорд во маратон во женска конкуренција со време од 2:09:56 часа на денешната трка низ улиците на Чикаго.

30-годишната Кенијка за речиси две минути беше подобра од претходниот рекорд што го постави Етиопјанката Тигст Асефа (2:11:53 часа) на минатогодишното издание на Берлинскиот маратон.

Чепнгетич уште на самиот старт наметна силен ритам, а на половина од трката се оддели од конкурентките и дојде до својата трета титула на маратонот во Чикаго. Ова е четврти пат во историјата да биде подобрен светскиот рекорд на маратонската трка во Чикаго.

Во 2001 година, Кенијката Кетрин Недереба стана првата маратонка која истрча 42 километри и 195 метри за помалку од два часа и 19 минути (2:18:47 часа). Една година подоцна, Британката Пола Редклиф го постави првото „најдобро време во историјата“ (2:17:18 часа) официјално признаено од Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), додека Кенијката Бригид Косгеи ја спушти границата на рекордот под два часа и 15 минути во 2019 година (2:14:04 часа).