Анџелика Мозер приграби злато во скок со стап, Алекси Миле најбрз на 3.000 стиплчез

Францускиот атлетичар Алекси Миле го освои златниот медал на 3.000 метри стиплчез на Европското првенство во Рим. Миле победи со личен рекорд од 8:14.01 минути.

Неговиот сонародник Џилали Бедрани дотрча до среброто со време 8:14.36 минути, а бронзениот медал му припадна на Карл Бебендорф од Германија со личен рекорд од 8:14.41 минути.

Швајцарската атлетичарка Анџелика Мозер ги приграбуи континенталното злато во скок со стап. Мозер го освои златото со скок о 4.78 метри, што е нов швајцарски национален рекорд. Таа височина ја прескокна при првиот обид, а потоа ја рушеше летвичката на 4.83 метри.

Грчката атлетичарка Катерина Стефаниди го освои среброто со скок од 4.73 метри, а Британката Моли Каудери со истиот резултат, но од повеќе обиди,се закити со  бронза.