• Зоран Мишевски
Штафетите 4x400 метри во женска и машка конкуренција на Соединетите Американски Држави освоија олимписки титули, завршувајќи ги атлетските натпревари на „Стад де Франс“.
Штафетниот тим на Боцвана ги натера Кристофер Бејли Вернон Норвуд, Брајс Дидмон и Раи Бенџамин да се надминат себеси и да попстават нов олимписки рекорд од 2:54.43 минути, што е речиси за секунда подобро од претходниот рекорд на американската штафета од Пекинг во 2008 година.
Четворката од Боцвана имаше само неколку десетинки полошо време (2:54.53) од победникот и со тоа постави нов африкански рекорд. Бронзата ја освоија Британците со нов европски рекорд (2:55.83 минути).
На Американките им недостасуваше една десетина да го урнат олимпискиот и светскиот рекорд (3:15.17 минути), поставен во минатиот век, во Сеул во 1988 година. Тогаш штафетата на тогашниот СССР сензационално го собори рекордот, кој и денес е актуелен. Шамиер Литл, Сиднеј Меклафлин-Леврон, Габриел Томас и Алексис Холмс беа убедливи победници со нов американски рекорд (3:15.27). Фемке Бол донесе холандско олимписко сребро и нов национален рекорд (3:19.50), со што повторно ги престигна штафетите на Велика Британија (3:19.72) и Ирска (3:19.90) во брилијантна завршница.