ВИДЕО: Американски студент како „молња“, истрча 100 метри за 0.4 секунди поспоро од Болт!

Американски студент стана вистински хит кај атлетичарите, поради неговата неверојатна брзина на трка која се одржа во Хјустон, Тексас.

Метју Болинг, 18-годишник од САД, истрча 100 метри за само 9.98 секунди, или 0.4 секунди поспоро од актуелниот рекорд на јамајканскиот спринтер Усеин Болт. Но, неговото време нема да се брои како официјално, затоа што на патеката дувало ветер од зад грб со брзина од 4,2 милји.

  • Трката на Метју Болинг во Тексас:

Болинг го има најбрзото време меѓу 20-годишниците во САД, но поради ветерот, рекордот ќе остане во сопственост на Трентавис Фрајдер, кој истрча 100 метри за 10 секунди во 2014 година.