Американката Валари Алман го собори 36 години стариот рекорд во фрлање диск 

Валари Алман, двократна олимписка шампионка во фрлање диск, го собори американскиот рекорд во фрлање ѓуле. Таа на митингот во гратчето Рамона во американската сојузна држава Оклахома исфрли 73,52 метри.

Со тој резултат таа постави нов американски рекорд и петти најдобар резултат во историјата на оваа дисциплина. Светскиот рекорд го држи Габриеле Рајнш од 1988 година, изнесува 76,80 метри и останува недостижен за повеќе од три метри.

За условите во Рамона говори и настапот на Литванецот Миколас Алекна, кој токму на ова место го собори тогаш најстариот светски рекорд во машка атлетика со резултат 74,35.