ВAДА на големи маки - руски велосипедисти најавија тужба!

Тројца руски велосипедисти поднесоа тужби против Светската анти-допинг агенција и првиот човек во истрагата, Ричард Мекларен. Велосипедистите Кирил Свешников, Дмитри Страков и Дмитри Соколов сметаат дека канадскиот судија спровел компромитирана истрага.

Руските велосипедисти во тужбата која ја доставиле до судот во Канада навеле дека им било забрането учеството на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, им ги нарушен угледот и репутацијата, тотално неосновано и некој треба за тоа да одговара. 

Случајот не помина навреме пред Судот за арбитража во спортот, па велосипедистите ги пропуштија Олимписките игри.