Унгарски Солнок првпат ја освои ватерполо Лигата на шампионите

Унгарскиот Солнок е нов европски првак во ватерполо, откако синоќа во домашниот базен во Будимпешта се радуваше на првата титула европски шампион по завршниот Ф4 турнир.

Во финалето „Дуна Арена“ во Будимпешта, Солнок го совлада минатогодишниот шампион Југ од Дубровник со 10-5 (1-2, 5-2, 2-1, 2-0).

Најдобар поединец на финалниот натпревар беше голманот на Солнок Виктор Наѓ, кој собра 13 одбрани, а по три гола кај победникот постигнаа Србите Андрија Прлаиновиќ и Милан Алексиќ.

Про Реко го совлада унгарски Егер со 15-6 во мечот за третото место и ги залечи раните по полуфиналниот пораз од Југ.