Србија ја продолжи доминацијата во ватерполо, го освои 11. злато во Светската лига!

Ватерполо репрезентацијата на Србија ја продолжи доминацијата во овој спорт, откако во овогодинешното финале на Светската лига во неизвесен меч со 10-9 славеше над Италија.

Србите имаа лош старт, но не дозволија изненадување и го кренаа петтото светско злато во низа.

Иако „аѕурите“ имаа добар старт и поведоа со 1-4, Србија во вториот период се врати на 3-4, а потоа, со одличен трет период кој го добија со 5-2, ватерполистите направија пресврт и во последниот период влегоа со предност од два гола (8-6). Во финишот од мечот резултатот беше изедначен (9-9), а во 30 минута голот за победа го постигна Душко Пјетловиќ.

За Србија ова е единаесетто злато во Светската лига во историјата. Претходно, во мечот за третото место поуспешна беше Хрватска која славеше над САД со 10-4.