Про Реко не покажа класа - му го раскина договорот на болниот Сандро Сукно

Една од најтрофејите екипи во историјата на Лигата на шампионите во ватерполо, италијанскиот Про Реко од Џенова ја разбесни светската јавност, откако го раскина договорот со најдобриот ватерполист на светот за минатата година, Хрватот Сандро Сукно, кому му беа откриени проблеми со срцето.

Сукно стави крај на сезоната, откако во октомври минатата година му беше дијагностициран проблем со срцето. Осумкратниот европски првак му даде отказ на 27-годишниот ватерполист од Дубровник.

Хрватската јавност и згрозена и го осудува клубот ов Џенова, кој не покажа класа да му даде јасна поддршка на Сукно.