Познати сите четвртфинални парови на СП во ватерполо во Унгарија

Ватерполо

Со победите на Австралија, Русија, Грција и Италија вчера официјално се комплетираа сите четвртфинални парови на Светското првенство во ватерполо, кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Србија, Црна Гора, Унгарија и Хрватска изборија директен пласман во најдобрите осум со освојувањето на првото место во четирите групи. 

Четвртфинални парови:

  • Црна Гора - Грција (25 јули, 14.50 часот)
  • Србија - Австралија (25 јули, 16.10 часот)
  • Унгарија - Русија (25 јули, 20.30 часот)
  • Хрватска - Италија (25 јули, 22.00 часот)

Натпреварите се играат утре, а големото финале и натпреварот за третото место се закажани за 29 јули.