Грчките ватерполисти сензационално слават над Црна Гора, Србите лесно во полуфиналето

Ватерполо репрезентацијата на Грција го направи најголемото изненадување на Светското првенство кое се одржува во Будимпешта, откако во четвртфиналето извојува победа против Црна Гора со 12-7 (1-0, 5-2, 4-1, 2-4).

Фунтулис со 4 гола беше нерешлива енигма за Црногорците, а нашиот јужен сосед одигра и далеку подобра одбрана од противникот. Грците за влез во финалето ќе се борат со поуспешниот од третото четвртфинале меѓу Унгарија и Русија.

Бранителот на титулата Србија без проблеми ја преслуша селекцијата на Австралија со 15-5 (4-1, 4-2, 4-1, 3-0). Ривал на селекцијата водена од Савиќ ќе биде подобриот од дуелот Хрватска - Италија, меч кој почнува од 22.00 часот.