ВИДЕО: БЕЗ ГЛЕДАЊЕ, СО СВРТЕН ГРБ КОН ГОЛОТ - епски погодок на Хошнјански против Грција

Унгарија

Ватерполистите на Унгарија се пласираа во големото финале на Светското првенство, кое го играат на домашен терен во Будимпешта, откако во полуфиналето ја совладаа репрезентацијата на Грција со 7-5.

Норберт Хошнјански, еден од најдобрите поединци кај домашната екипа, го направи потегот на турнирот во вчерашното полуфинале. Тој постигна погодок со популарната „шрауба“ и распали по противничкиот гол во последната секунда од нападот за одушевување на трибините.

Во финалето, Унгарците влегуваат како благи фаворити против репрезентацијата на Хрватска, која во полуфиналето направи изненадување и ја елиминираше фаворизираната Србија (12-11).