Александар Шапиќ е најдобар ватерполист на сите времиња

Во изборот на меѓународната федерација за спорт и култура со седиште во Минеаполис, српскиот ватерполист Александар Шапиќ е прогласен за најдобар на сите времиња во изборот на ватерполо стручњаци при институтот.

Шапиќ е најскапиот ватерполо играч во историја, откако во 2006 година Штурм за неговите услуги плати еден милион евра. Овој снажен ватерполист ги освои сите клупски и репрезентативни трофеи во ватерполо спортот, а за српската репрезентација беше автор на 981 гол. 

Во изборот меѓу најдобрите десет се наоѓаат дури седуммина кои доаѓат од просторите на некогашна Југославија.