Некогашниот освојувач на УС Опен и можеби најдобриот тенисер во историјата на Аргентина, Хуан Мартин дел Потро, продолжува со одличните игри во новата тениска сезона.
Повредата на некогашниот најдобар тенисер на светот Енди Мареј е веќе минато и според првичните информации на тенискиот терен се очекува да се врати пред стартот на турнирите на тревната подлога.
Стефан Едберг, некогашниот најдобар тенисер на светот, вели дека Роџер Федерер веројатно е најдобриот тенисер на сите времиња, но смета дека Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ имаат квалитет да го достигнат.
Рафаел Надал го откажа учеството на Отвореното првенство на Мексико во Акапулко. Шпанецот пристигна да ја брани титулата, но на тренинзите пред мечот со Фелисијано Лопез почувствува болки во десната нога и се откажа, неризикувајќи посериозна повреда.
Најуспешниот тенисер кога се во прашање Грен слем титулите, Роџер Федерер, вечерва на свечена церемонија во Монако ја доби наградата за кам-бек на годината. 36-годишникот од Базел имаше одлична 2017 година, во која се врати по повредата на грбот и успеа да освои два од четирите најголеми турнири во текот на сезоната.
Новата хрватска тениска ѕвезда Борна Чориќ, полесно од очекуваното успеа да се пласира во второто коло на турнирот во Дубаи, откако со 2-0 во сетови го совлада далеку поискусниот колега од Франција, Ришар Гаске.
Еден од најнадежните тенисери на денешницата, Александар Зверев од Германија одлучи да ја раскине соработката со некогашната тениска ѕвезда, Хуан Карлос Фереро.
Рафаел Надал, сега поранешниот рекет број еден на АТП листата, мораше да направи пауза по Австралија Опен, поради повредата која го натера неуспешно да го заврши првиот Грен слем во сезоната.
Најтрофејната тенисерка на сите времиња Серена Вилијамс го откри распоредот за оваа сезона, односно потврди на кои турнири ќе учествува во 2018 година.
Русинката Дарија Касаткина и Украинката Елина Свитолина ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Дубаи. 24-рангираната Касаткина, направи подвиг, спаси три меч-топки и повеќе од два часа со 3-6, 7-6/11), 6-1 славеше над Габриње Мугуруза.
Пред четири дена Роџер Федерер и официјално, по пауза од шест години, се врати онаму каде што најмногу бил во својата кариера, на врвот на АТП ранг-листата.
Некогашната најдобра тенисерка на светот Серена Вилијамс, во интервју за „Си-Ен-Ен“ открива дека била пред умирање по раѓањето на својата ќерка, Олимпија.
Од денес најстариот носител на првата позиција на АТП листата, Роџер Федерер уште еднаш докажа дека е еден од најголемите спортисти на сите времиња. На 36-годишна возраст, тој успеа да се врати на врвот на машкиот тенис, каде за последен пат беше пред пет години.
Некогашниот најдобар тенисер на светот, Андре Агаси скоро една година е дел од стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ. Легендарниот Американец својата соработка со Ноле ја започна пред ланскиот Ролан Гарос, а како што вели тој ова не го прави за пари, туку едноставно да му помогне на Србинот да се врати на врвот од светскиот тенис.
Денешниот ден уште долго време ќе го памети тенискиот свет, а причината за тоа е официјалното назначување на Роџер Федерер за прв рекет на АТП ранг-листата.
Новиот светски рекет број еден, Роџер Федерер ја освои втората титула во новата сезона по денешната победа во финалето на турнирот во Ротердам против Григор Димитров (6-2, 6-2).
Синоќа, неофицијалниот нов рекет број еден на светот, Роџер Федерер, обезбеди финале на АТП турнирот од 500 серијата во Ротердам, откако во полуфиналето славеше рутинска победа над искусниот Андреас Сепи.
И покрај најавите дека некогашниот најдобар рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, на тенискиот терен ќе се врати кон почетокот на месец март, сепак, последните информации велат на Србинот му е потребен подолг период на заздравување.
Роџер Фдерер во полуфиналето на АТП турнирот во Ротердам славеше победа од 2-0 (6-3, 7-6/3) против Андреас Сепи и обезбеди финале, во кое ќе игра против Бугаринот Григор Димитров.
Ривалството на најдобрите тениски имања на светот е големо, но само на тенискиот терен. Надвор од него тие се големи пријатели и секогаш се гордеат со успесите на другите.