• Иван Љубичиќ и Милош Раониќ на тренинг Тенис

    Федерер го замени Едберг со Љубичиќ!

    Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер ја прекина соработката со Стефан Едберг, кој му беше тренер во минатите две години. Веста Федерер ја откри на социјалните мрежи и не заборави да му се заблагодари на легендарниот Швеѓанец. 

  • Тенис

    Пасквал: Надал 100% повторно ќе го освои Ролан Гарос

    Поранешниот француски тенисер, Арно ди Пасквал е сигурен дека Рафаел Надал повторно ќе го освои Ролан Гарос. Популарниот Рафа“ во 2015 не освои ни еден грен-слем турнир, што е прв пат по 2004 година.

  • Бјорн Борг Тенис

    Зависноста од кокаин, Бјорн Борг го чинеше титула на Вимблдон во 1991 година

    Лоредана Берте беше сопатничка на легендарниот шведски тенисер Бјорн Борг од 1988 до 1992 година. Во тие четири години, италијанската рок пејачка, поминала вистински пекол покрај легендарниот Бјорг.

  • Новак Ѓоковиќ Тенис

    12 желби за „Спортист на годината„!

    Американската спортска академија (УССА), ги објави 12. кандидати, кои ќе се борат за титулата најдобар спортист за изминатата 2015 година. Најголем фаворит за титулата, одново е српскиот и светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ. Сепак, конкуренцијата е голема и ќе биде тешко да се издвои само еден победник.

  • Федерер и Хингис ќе играат во мешани двојки во Рио Тенис

    Федерер и Хингис по олимписко злато во Рио

    Роџер Федерер и Мартина Хингис ќе ја претставуваат Швајцарија на тенискиот турнир на Олимпијадата во Рио де Жанеиро следната година. Тенисерите ќе бидат тандем на турнирот во мешани двојки, откако Федерер даде позитивен одговор на поканата од страна на Мартина Хингис. 
     
    Федерер е олимписки шампион во машки двојки од Пекинг 2008 година во тандем со Вавринка и олимписки вицешампион во сингл од Лондон 2012 година, кога во финалето на терените на Вимблдон загуби од Енди Мареј. Изминатата сезона, 35-годишната Хингис освои пет титули во игра на двојки, од кои четири на турнирите од грен-слем серијата.
     
    И двајцата сакаат својата кариера да ја завршат со уште еден олимписки медал, па ќе се обидат во тандем во Бразил да се искачат на светскиот тениски трон.
     

  • Роџер Федерер Тенис

    Федерер: Во интерес на спортот е да има повеќе антидопинг тестови

    На последното излегување пред јавноста, Роџер Федерер говореше за потребата на антидопинг тестовите во светот на тенисот. Тој изјави дека некогаш е изненаден за неактивноста на антидопинг агенциите, особено после некои важни натпревари.
    „Кога и да се пласирате во четвртфинале на некој турнир, каде бројот на бодовите е голем и паричните награди постојано се зголемуваат, морате да знаете дека ве чека допинг тест“ , изјави Швајцарецот.

  • Тенис-Дејвис-Куп Тенис

    ВИДЕО: Енди Мареј ја донесе „салатарата“ на Островот по 79 години!

    Дејвис Куп репрезентацијата на Велика Британија по пауза од 79 години успеа да го освои пехарот во најстарото тениско натпреварување на светот. Благодарение на Енди Мареј, Британците во Гент славеа над Белгија со 3-1.

  • Тенис

    Иванишевиќ: Ни Том Круз не би успеал да го победи Ѓоковиќ

    „Победа против српскиот тенисер стана „Невозможна мисија“, вели легендарниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ

  • Дел Потро Тенис

    ВИДЕО: Дел Потро напорно тренира, наскоро се враќа на турнирите

    Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин Дел Потро напорно работи за да се врати  во форма, по долга пауза заради повредата на зглобот. Дел Потро последен пат играше на Мастерсот во Мајами, кога загуби во првото коло од  Канаѓанецот, Васек Посписил.

  • Тенис

    Финалето во Дејвис Купот под закана од терористички напади

    Финалето на Дејвис Купот помеѓу Белгија и Велика Британија ќе се одигра и покрај заканите за терористички напади во Брисел, соопштија организаторите.

  • Тенис

    ВИДЕО: Новак со шанса за реванш: Федерер во два сета подобар од Вавринка

    Со победата над сонародникот Станислас Вавринка, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во финалето на завршниот Мастерс во Лондон, каде што за трофејот ќе се бори со Новак Ѓоковиќ.

  • Ѓоковиќ со Надал Тенис

    ВИДЕО: И покрај големите очекувања, Надал не успеа да го изненади Ѓоковиќ

    Во вкупно 46. средба меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал која се одигра денес во полуфиналниот меч од завршниот  турнир во Лондон, Новак Ѓоковиќ со триумфот успеа да  го израмни меѓусебниот скор на 23-23 и да стигне до финалето.

  • Тенис

    ВИДЕО: Федерер со максимален учинок во групната фаза од завршниот Мастерс во Лондон: Ѓоковиќ на мегдан со Надал

    Во третото коло на завршниот АТП Мастерс во Лондон, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи осморангираниот светски тенисер, Јапонецот Нишикори со 2-1 во сетови (7-5, 4-6, 6-4). Третиот светски тенисер својата трета победа ја оствари за 2 часа и 10 минути, а во текот на играта му одзеде шест сервис гемови на Нишикори. Федерер кој и пред денешниот дуел имаше обезбедено пласман во полуфиналето, натпреварувањето во „Стен Смит“ групата го заврши со сите три победи, за разлика од Нишикори кој има само една победа и два порази и остана без шанса за пласман во полуфинале. 

  • Тенис

    Федерер ја прекина серијата победи на Ѓоковиќ

    Новак Ѓоковиќ загуби од Роџер Федерер со 7-5, 6-2 во второто коло од „Стен Смит“ групата на завршниот Мастерс во Лондон. Со овој резултат е прекината серијата од 15 победи на Ѓоковиќ на Мастерс турнирите, од 2012 година кога последен пат загуби во Париз, играјќи против Квери. Исто така ова е прв пораз на српскиот тенисер по финалето во Синсинати, во кое исто така подобар беше Федерер. 

  • Тенис-Федерејшн-Куп Тенис

    ВИДЕО: Четврта ФЕД Куп титула за Чешка во последните пет години

    Федерејшн куп репрезентацијата на Чешка ја одбрани титулата во ова натпреварување со победата над Русија од 3-2. Решавачкиот поен за Чешка го освоија Каролина Плишкова и Барбара Стрицова во игра на двојки. Плишкова и Стрицова во последниот меч славеа над руската комбинација 

  • Федерер Тенис

    ВИДЕО: Федерер и Ѓоковиќ со лесни победи во првото коло од завршниот Мастерс во Лондон

    Швајцарскиот тенисер  Рожер Федерер, како и рекетот број еден Новак Ѓоковиќ, забележаа максимални победи на отворањето од завршниот Мастерс турнир во Лондон. 
    Федерер натпреварот го започна очајно, направи две едноподруго двојни сервис грешки и го загуби првиот гем на свој сервис, но експресно врати одземајќи го наредниот гем, без да му дозволи на противникот да освои ниту еден поен. 

  • Тони Надал Тенис

    Тони Надал: Сезонава не беше толку катастрофална за Рафаел Надал

    Тренерот на Рафаел Надал, а воедно и  негов чичко, Тони Надал, изјавил дека оваа сезона беше многу тешка за шпанскиот тенисер.

  • Тенис-Венус-Вилијамс Тенис

    Венус Вилијамс го освои Ели Троф и се врати во ТОП 10!

    Венус Вилијамс го освои ВТА турнирот Ели Троф откако денес во финалето ја совлада Каролина Плишкова со 2-0 во сетови, 7:5 и 7:6. Со оваа победа, која е трета за неа во сезоната, Венус се враќа во топ 10 на женската ВТА за прв пат по повеќе од четири години. 

  • Тенис

    Ѓоковиќ по четврти пат го освои Париз

    Новак Ѓоковиќ го победи Енди Мареј со 6-2, 6-4 во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Париз. Со овој триунф Ѓоковиќ стана првиот тенисер со освоени шест Мастерс титули во една сезона. Претходниот рекорд од пет освоени титули го делеа Ѓоковиќ (2011 г.), Надал (2013 г.), Конорс (1976 г.) и Лејвер (1970 г.). Исто така Новак е единствениот тенисер со освоени четири трофеи во Париз, еден повеќе од Бекер и Сафин.

  • Тенис

    Во него се гледам себеси како млад: Бекер воодушевен од соработката со Ноле

    Новак Ѓоковиќ го потсеќа Борис Бекер на самиот себе во тој период од кариерата, рече Германецот кој веќе две години го тренира најдобриот тенисер на светот.

Pages