Зверев против Иснер е првиот полуфинален пар на Мастерсот во Рим

Зверев против Иснер

Во првото полуфинале на Мастерс турнирот во Рим ќе се сретнат Џон Иснер од САД и Александер Зверев од Германија.

Иснер обезбеди пласман во најдобрата четворка по победата од 2-1 (7-6/3, 2-6, 7-6/2) над хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ. Американецот во свој препознатлив стил го бранеше својот сервис и во најважните моменти од мечот сервираше сигурно за прво полуфинале во Италија.

Во вториот денешен дуел, Зверев се издигна над Милош Раониќ од Канада со 2-0 (7-6/4, 6-1). 20-годишниот тенисер од Хамбург одигра искусно во првиот и убедливо во вториот сет за на крај да се радува по еден час и 30 минути игра.

Борбата за второто полуфинале ќе продолжи со дуелите помеѓу Надал и Тием, односно Ѓоковиќ и Дел Потро во вечерниот термин.