Заради тешките и погрдни зборови кон судијата, Фоњини заработи условна казна од два ГС

Италијанскиот тенисер, Фабио Фоњини, поради навредите кон главниот судија на последниот Грен слем во САД, доби условна казна од два големи турнири.

Вчера од АТП соопштија дека Италијанецот ќе биде суспендиран со неиграње на два Грен слем турнири, од кои едниот сигурно ќе биде УС Опен, доколку до крајот на 2019 година направи сличен испад, како овој во Њујорк пред месец дена. 

Поkрај тоа, Фоњини е казнет и со 96.000 долари, но овој износ ќе биде променет на 48.000 доколку во наредните две години неговото однесување на терен ќе биде на високо ниво. 

30-годишниот Италијанец на овогодишното издание на УС Опен беше исфрлен во осминафиналето, откако на сметка на главниот судија упати, Луиз Енгзел упати навредливи зборови: „Ти си е…а ку..а“