Во Австралија сигурни: Серена ќе биде дел од првиот Грен слем!

Помладата од сестрите Вилијамс, Серена, на почетокот на оваа година го освои Австралија Опен, по штом објави дека во текот на турнирот игралa во блажена состојба, по што се повлече од преостанатиот дел од сезоната.

Во текот на месец септември таа се породи, а претседателот на турнирот во Мелбурн е оптимист и очекува Серена да ја брани титулата на првиот Грен слем наредната година.

„Има виза, пријавена е, тренира, само треба да пронајде време и простор. Не се сомневаме дека ќе биде подготвена, барем од наша гледна точка. Сака да го сруши рекордот на Маргарет Корт, да освои 24 Грен слем титули. Отворени сме за фамилијарно доаѓање. Слични ситуации имавме и во минатото, Федерер има четири деца, па и Серена може да дојде со целата своја фамилија“, изјави Крег Тили.

Првиот Грен слем во новата сезона започнува на 15 јануари, а финалниот меч во женска конкуренција е закажан за 27 јануари.