Тием направи сензација, го реши Надал во Рим и му го нанесе првиот пораз на земја сезонава!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го доживеа првиот пораз на земјена подлога сезонава откако во рамки на четвртфиналето на турнирот во Рим загуби од Доминик Тием (6-4, 6-3).

Австриецот кој се наоѓа на седмото место на АТП-листата беше далеку подобар противник и го надигра Рафа кој на денешната средба правеше премногу грешки.

Во првиот сет, Тием направи брејкови за 1-0 и 4-1, што беа доволни за триумф, додека во вториот исто така паднаа два брејка, за 4-3 и 6-3.

Во полуфиналето во Рим, Тием ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу Хуан Мартин Дел Потро и Новак Ѓоковиќ.