Тенисерките на Македонија заминаа за Тунис на Фед Купот во Гамарт

Фед репрезентацијата на Македонија замина за Гамарт, Тунис, каде од утре ги започнува натпреварите од првиот Фед-куп турнир оваа сезона. 

Нашата репрезентација (75. место според последниот светски ранг) во состав Катарина Маринковиќ, Ана Ристевска, Јана Таневска и Марија Еленова за свои противници во групата А ќе ги имаа соодветните селекции на Литванија (ранг 65), Ерменија (ранг 90) и Исланд (ранг 103). 

Македонија, која е втор носител во оваа група, својот прв настап на овој турнир ќе го има утре против Ерменија. Во втората група во Тунис ќе се судрат Кипар (ранг 73),  Тунис (ранг 86), Алжир (ранг 89), Косово (ранг 96) и Мадагаскар (ранг 91).