Тенисер заради наместени натпревари доби седумгодишна суспензија!

Австралискиот тенисер, Ник Линдал заради наместени натпревари утрово од страна на АТП доби суспензија од седум години, а исто така е парично казнет со 35.000 долари. 

Единицата за интегритет на тенисот (ТИУ) соопшти дека 28-годишниот тенисер е вмешан во наместени натпревари на неколку турнири во Австралија и Тувумби. Линдал својата кариера ја заврши во 2013 година поради повреда, но иако планираше повторно да им се врати на терените тоа нема да може да го направи во следните седум години. Во својата кариера најдобар ранкинг му бил 187. место на АТП листата. 

Властите во Австралија открија дека и понатаму ќе продолжат со истражување на наместени тениски натпревари, а досега имаат испитано над 350 тенисери.