Среќно Лина! Утре нашата најдобра тенисерка за првпат ќе настапи на Австралија опен

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, го доби својот противник во првото квалификациско коло од Гран слем турнирот во Мелбурн, Австралија опен. 

Тетовчанката утре во 7.00 часот по македонско време ќе се сретне со 137. тенисерка на светот, Саша Викери од САД, која на овие квалификации е 18. носителка. 

За Лина која моментално е на 206. место на АТП ранг листата, ова ќе биде втор настап на еден Грен слем, откако минатата година настапи на квалификациите на УС опен, каде во првото коло беше поразена од Кетрин Белис во два сета. Да се надеваме дека Ѓорческа во Мелбурн ќе има подобар настапи и за првпат во историјата ќе ја израдува својата нација со настап на еден голем Грен слем турнир.