Сок го изненади Чилиќ и стигна до првата победа на завршниот турнир во Лондон

Џек Сок

Во неизвесен меч долг повеќе од два и пол часа, Џек Сок го победи Марин Чилиќ (5-7, 6-2, 7-6/4) и ја запиша првата победа на завршниот Мастерс турнир во Лондон.

Победникот се решаваше во третиот и одлучувачки сет, и тоа во тај брејк, во кој Американецот ја искористи секоја своја прилика и славеше со 2-1. Чилиќ го доби првиот сет со клучен брејк во 12. гем, а Сок возврати со убедлива игра во вториот сет за да израмни на 1-1.

Во третиот сет, хрватскиот тенисер прв направи брејк, но подоцна дозволи Сок да го одземе неговиот сервис, па победникот беше одлучен во тај-брејкот. Се чинеше дека Чилиќ е во пол-позиција за победа, кога поведе со 4-2, но потоа дозволи да ги загуби следните пет поени, што значеше конечна победа за неговиот противник.

Во вечерашниот дуел од групата, силите ќе ги одмерат Роџер Федерер и Александар Зверев.