Штепанек објави крај на кариерата: Не сакам да си го загрозувам животот!

Чешкиот тенисер Радек Штепанек реши да ѝ стави крај на својата богата тениска кариера и да замине во пензија на 38-годишна возраст.

Искусниот Чех вели дека тенисот веќе почнал да му прави здравствени проблеми, а не сака да си го загрозува животот. Иако сака да остане на терените, време е да каже доста.

„Ја завршувам тениската кариера. Минатата година по операцијата воопшто не ми беше лесно. Не сакам да си го загрозувам животот и следната фаза која ми претстои, па затоа време е да кажам крај. Отсекогаш знаев дека кариерата е ограничена. Морам да бидам реален, телото не ми издржува“, изјави Штепанек.

Највисокиот ранкинг на Штепанек во сингл беше шесто место на АТП-листата во 2006 година и четвртото место во двојки во 2012 година.