Шпанска доминација и во женскиот тенис, Лина падна за две места

Рафаел Надал е прв на машката тениска листа, а исто така, тенисерка од Шпанија е лидер кај жените. Нов женски рекет број еден е Габрињe Мугуруза, која по настапот на УС Опен направи скок од две места.

Шпанката е на првата позиција со 6.030 поени, пред Симона Халеп со 5.965 поени. Третото место ѝ припаѓа на Елина Свитолина од Украина, додека четврта е Каролина Плишкова која го загуби врвот и падна за три места. 

Од македонските тенисерки на листата, пак, Лина Ѓорческа падна за две места и сега се наоѓа на 213 место, додека Магдалдена Стоилковска бележи скок од десет места и е 1.191 на ВТА-листата.