Серена Вилијамс пријавена за Федерејшн Купот против Холандија

Серена Вилијамс ќе се врати на терените на мечот против Холандија од првиот коло на Светската група на Федерејшн Купот. Серена веќе е пријавена во двојки заедно со Лорен Дејвис. 36-годишната Американка нема официјален настап од Отвореното првенство на Австралија во јануари 2017 година,

„Целта ми е да почнам повторно да играм. Освојувањето на 25. Грен слем титула е нешто што би сакала да го постигнам, но секогаш сум мразела да си поставувам граници“, рече Серена.

Трофејната Серена Вилијамс остана бремена и во септември ја роди ќерката Алексис-Олимпија. Иако одигра еден егзибициски натпревар против шампионката од Ролан Гарос, Елена Остапенко на крајот на декември во Абу Даби, но Серена не ризикува и само кога е најподготвена ќе се врати на теренот.