Сабине Лисицки го откажа настапот на Австралија опен заради повреденото рамо

Финалистката на Вмблдон од пред три и пол години, германската тенисерка Сабине, Лисицки, ќе го пропушти првиот Грен слем турнир оваа година, Австралија опен. Лисицки со месеци има проблеми со рамото и не настапува ниту на подготвителните турнири, а нема да се пријави ниту за ждрепката. 

27-годишната Германка, која во овој момент е на 92. место на ВТА ранг-листата, се надоврзува на откажувањата, откако претходно и Викторија Азаренка, Петра Квитова и Медисон Кис од различни причини го откажаа настапот. 

Покрај принудните изостанувања, во Мелбурн првпат по подолго време нема да настапи ниту Ана Ивановиќ, која објави пензија од тенисот.