По суспензијата, Штутгарт ќе биде првиот турнир за Марија Шарапова

Марија Шарапова

На некогашната најдобра тенисерка на светот, Марија Шарапова, ѝ преостануваат уште неколку месеци од одлежувањето на суспензијата заради користење на мелдониум. Русинката по 15 месеци пауза на тениските терени ќе се врати на турнирот во Штутгарт, кој е закажан на крајот на април.

„Среќна сум што на тениските терени ќе се вратам на еден од најомилените мои турнири. Со нетрпение чекам повторно да го работам она што најмногу го сакам“, изјави Шарапова. 

Шарапова најпрво беше суспендира на две години, но Судот за спортска арбитража во Лозана ја намали за девет месеци. Русинката доби специјален повик од организаторите на овој турнир, кој во својата кариера дури трипати го има освоено (2012, 2013, 2014).