ОФИЦИЈАЛНО: Серена Вилијамс ќе настапи на Австралија Опен

Најтрофејната тенисерка на сите времиња, Серена Вилијамс и официјално ќе настапи на првиот Грен слем турнир во 2018 година, Австралија Опен. 

Оваа информација синоќа ја потврди организаторот на турнирот во Мелбурн, кој на еден начин се пофали дека љубителите на овој спорт ќе имаат можност повторно да ја гледаат Вилијамс, која ја брани титулата на овој Грен слем. 

Американката поради бременост подолг период беше отсутна од тенискиот терен оваа година, а како што откриваат тамошните медиуми во овој период максимално се подготвува за „кам-бек“ и тоа само по три месеци откако стана мајка. 35-годишната Серена досега зад своето име запиша 23 Грен слем титули, а на Австралија Опен триумфираше дури седум пати.