Ноле победи во Доха, но Мареј ја зголеми предноста на АТП листа

Рекетот број еден, Енди Мареј, пред два дена го загуби првото финале од Новак Ѓоковиќ, но сепак ја зголеми предноста во однос на Србинот на најновата АТП листа кој е објавена денес. 

Сега, Британецот има 12.560 бода, односно 150 повеќе во однос на претходната листа, додека Ѓоковиќ остана со истиот број на бодови, 11.780.

ТОП 10 претрпе само една промена. Моментално на шестата позиција се најде Французинот, Гаел Монфилс, додека Марин Чилиќ од Хрватска падна на седмата позиција.

Третопласиран сè уште е Милош Раониќ, четврт е Стан Вавринка, а ТОП 5 го затвора Јапонецот, Кеи Нишикори. Рафаел Надал го задржа деветото место, додека Роџер Федерер забележа пад од една позиција и сега е 17. тенисер на светот.