ВИДЕО: Неверојатниот Ѓоковиќ - седна во количка и одигра тениски меч

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека покрај тоа што е еден од најдобрите тенисери, пред се е голем човек. Пред почетокот на првиот Грен слем оваа година, Ѓоковиќ веќе се наоѓа во Мелбурн и периодот пред почетокот на турнирот го искористи за да организира хуманитарен меч, од кој целиот приход ќе биде дониран за децата во Србија.

На хуманитарниот настан присуствуваа многу популарни спортисти, како што се легендарниот тенисер Рој Емерсон, Александар Зверев, австралискиот фудбалер Арчи Томпсон, како и кошаркарскиот параолимпиец Дилан Мартин Алкот. Токму со Алкот, Новак Ѓоковиќ седна во количка, одигра неколку поени, но се чини дека неговиот противник беше многу поснаодлив.

Главниот турнир на Австралија Опен започнува на 16 јануари, а Новак Ѓоковиќ е поставен за втор носител и еден од главните фаворити за освојување на истиот.