Надал со тениска лекција за Фоњини обезбеди четвртфинале во Шангај

Најдобриот тенисер на планетата, Рафаел Надал, продолжува со одличните настапи на кинеско тло, откако на Мастерсот во Шангај без многу труд успеа да се пласира во четвртфиналето. 

Популарниот Рафа неочекувано многу лесно со 2-0 го совлада секогаш незгодниот Фабио Фоњини, во меч кој траеше нешто повеќе од еден час. Во привиот сет Италијанецот успеа да добие три гема (6-3), додека во вториот беше торпедиран од страна на Надал и доби само еден гем (6-1). Така, Шпанецот ја извојува можеби најлесната победа во сезоната. 

Во четврфиналето Надал ќе се соочи со Григор Димитров од Бугарија, кој утрово со 2-0 го совлада американскиот ветеран, Сем Квери.