Надал се зацврсти на врвот, Федерер е втор, а Ноле падна на 6. место на АТП листата

Синоќа, Рафаел Надал го освои својот 16. Грен Слем турнир и ја продлабочи својата тениска легенда. Триумфот на УС Опен на Рафа му донесе зголемување на предноста на најновата АТП ранк-листа и сега има предност од скоро 2.000 поени во однос на Роџер Федерер, кој од денес е втор рекет на светот. 

За разлика од Шпанецот и Швајцарецот, некогашниот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ забележа нов пад и сега е дури шести тенисер. Србинот поради повреда на лактот ги откажа сите настапи оваа сезона и најверојатно на тенискиот терен ќе се врати на стартот на новата. Забележителен скок направи Хрватот, Марин Чилиќ, кој за првпат во кариерата е во ТОП 5, додека таму се најдоа и Енди Мареј и Александар Зверев. 

Во најдобрите 10 место имаше и за Пабло Карено Буста, Григор Димитров, Стан Варинка, и Доминик Тием, додека финалистот од УС Опен, Кевин Андерсон сега е 15. тенисер на светот.