Надал поразен од Гофин, повредениот Шпанец објави повлекување од турнирот

Најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал со пораз го започна Мастерс Купот во Лондон, откако во маратонски меч загуби од Белгиецот Даниел Гофин со 2-1 во сетови (7-6/5, 6-7/4, 6-3). Надал се бореше во сите три сета, спаси неколку меч топки во вториот, се врати од 1-4 во одлучувачкиот трет сет, но не можеше да го избегне поразот. 

Скоро два часа и 40 минути траеше надмудрувањето на Шпанецот и Белгиецот, но Надал се мачеше во текот на целиот меч и видливо беше дека физички не е максимално подготвен. Тимот на Рафа половина час по мечот објави дека светскиот рекет број еден се повлекува од турнирот и го отстапува местото на Карено Буста и Квери, кои се резерви на Мастерсот во Лондон.

Попладнево Григор Димитров го совлада Доминик Тием со 2-1 во сетови во првиот меч од групата „Борис Бекер“.