Надал: Немам сила да продолжам, болките се неподносливи

Најдобриот тенисер на АТП листата, Рафаел Надал синоќа беше поразен од Давид Гофин во рамки од првото коло на завршниот Мастерс во Лондон, но по мечот им прореди уште еден шок на своите фанови. 

Поради силните болки на коленото, Шпанецот одлучи да се повлече од настапите во Лондон и најави крај на сезоната. 

„Имав обврски кон овој Мастерс, Лондон и кон фановите, па затоа пробав да настапам на овој завршен турнир. Направив сè што е во моја моќ да бидам подготвен, но навистина не сум во можност да играм. Многу се борев во текот на целиот меч, но во секое време знаев дека постои можност да биде последниот за мене оваа година. Воопшто ова не беше моја одлука, туку болките одлучија. Немам доволно сила да продолжам. Сакав да пробам и навистина сум изненаден што не бев совладан поубедливо“, изјави Надал. 

Сега неговото место ќе го заземе Карено-Буста, кој за пласман во полуфиналето ќе се соочи само со Димитров и Тием.