Мекинро: Раониќ има психички проблеми и тоа е пречката што не е најдобар

Американската легенда и поранешен тренер на Милош Раониќ, Џон Мекинро смета дека Канаѓанецот има проблеми на психички план и поради тоа не е способен да го зададе завршниот удар на некои од важните мечеви. 

„Милош беше одличен на Вимблдон и на Австралијан Опен минатата година, но не успеа да ја помине последната пречка. Проблемот е на психичко ниво и тоа постојано му го зборувам. Тој е доминантен играч на физички план и треба и психички да се наметне. Треба да покаже желба дека ја сака победата повеќе од сите други тенисери“, смета Мекинро.

Раониќ во полуфиналето во Мелбурн загуби од Рафаел Надал и уште го сонува првиот Грен слем во кариерата.