Мареј: Тежок пораз, но тоа е добро за започнување на новата борба

Британскиот тенисер, Енди Мареј, синоќа го забележа првиот пораз како рекет број еден во светот на машкиот тенис. Во финалниот дуел на АТП 250 турнирот во Доха, Мареј со 2-1 загуби од директниот конкурент за највисок пласман и некогашен владетел, Новак Ѓоковиќ. 

„Тежок пораз. Вчерашниот меч го одигравме на високо ниво, некои поени беа премногу физички напорни. Но, ова е одличен начин за започнување на новата борба, и со нетрпение ги очекувам неколкуте наредни недели“, накратко изјави првиот рекет, Енди Мареј. 

За Мареј овој пораз беше прв по пауза од 28 победи во низа, а сега следен предизвик ќе му биде првиот Грен слем турнир сезонава, Австралија опен, кој исто така го брани неговиот најголем ривал.