Мареј: Без ментални проблеми заминувам за Мелбурн, ќе дадам сè од себе за трофеј!

Првиот тенисер на светот, Енди Мареј, утрово изјави дека нема никаква психичка бариера пред почетокот на првиот Грен слем сезонава, Австралија опен, на кој веќе има загубено пет финалиња. 

Шкотот во четири финални дуели е поразен од најголемиот ривал за првото место на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, тенисер од кого го загуби и првото овогодишно финале во Доха. 

„Не чувствувам никакво ментални проблеми пред настапот во Мелбурн, тие ги оставив зад себе. Одам да го дадам максимумот и ќе пробам да го освојам трофејот. Не сакам да бидам самокритичен доколку не победам таму, но ако дадам сè од себе...“, изјави Мареј. 

Австралија опен започнува на 16 овој месец, финалниот дуел е закажан на 29 јануари. Бранител на титулата е вториот тениски рекет, Новак Ѓоковиќ.