Лина „гази“ во Швајцарија, обезбеди полуфинале во двојки

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа забележа уште една победа на ИТФ фјучрсот во Кјасо. Откако утрово во сингл конкуренција со победата над Клара Грим со 2-0 во сетови (6-2, 6-3) обезбеди четвртфинале, попладнево заедно со својата партнерка Александрина Најденова од Бугарија се пласираа во полуфиналето во двојки. 

Македонско-бугарската двојка за нешто помалку од час време со 2-0 во сетови (6-4, 6-3) ги совладаа домашните тенисерки Карин Кенел и Илена Ин-Албон. 

Противнички во мечот за финале ќе им биде француско-швајцарската комбинација Тес Синио и Миртил Жорж, додека во сингл утре Лина ќе го одигра четвртфиналниот меч против Катинка Фон Дајхман од Лихтенштајн.