ФОТО: Кирјиос со нова глупост - се појави со маица „Fuck Donald Trump“!

Не престануваат глупостите на еден од најконтроверзните тенисери на денешницата, Ник Кирјиос, откако Австралијанецот повторно ја шокира светската јавност. 

Пред неколку денови иронично го искоментира потегот на Новак Ѓоковиќ (кој во финалето во Доха против Мареј не сакајќи со топче погоди гледач на трибините) велејќи дека доколку тој направел таква глупост би бил казнет најмалку 10 години, а не само со 3.5000 долари, а вчера на конференцијата пред почетокот на турнирот во Сиднеј се појави со маица на која пишува: „Fuck Donald Trump“.