Кирјиос бара казна за Ѓоковиќ: Мене би ме суспендирале до 2025 година!

Ник Кирјиос

Новак Ѓоковиќ се радуваше на трофејот во Доха, откако во големото финале го совлада главниот конкурент за првото место на АТП листата, Енди Мареј.

Многумина по мечот започнаа да зборуваат за потегот на Србинот, кога испрати едно топче во публиката, кое заврши во лицето на една жена. Ноле испрати свое извинување на прес конфернцијата по дуелот, но сепак новинарите продолжија со провокативни прашања.

Сето тоа беше прокоментирано од страна на котнтроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјиос, кој на Твитер постави видео од случката и напиша:

„Јас би бил суспендиран до 2025 година“.