Јотовски загуби во 4. квалификациско коло, но како среќен губитник ќе игра на турнирот во Плантејшн

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски, иако синоќа го загуби одлучувачкиот квалификациски дуел на ИТФ фјучрсот во Плантејшн, САД, сепак како среќен губитник ќе настапи на главниот турнир, кој  е од награден фонд од 15.000 долари. 

Во последното 4. квалификациско коло Јотовски, иако ја имаше фаворитската улога, не успеа да го совлада домашниот тенисер Мајкл Жу, губејќи со 2-1 во сетови (2-6, 6-2, 6-7/1), но како најдобар тенисер од овие квалификации обезбеди настап во главната фаза. 

Во првото коло во сингл конкуренција ќе се сретне со искусниот бразилски тенисер, Рикардо Хочевар, додека во дубл со неговиот партнер Мачеј Рајски од Полска ќе се соочи со српско-босанската двојка, Никола Чачиќ и Томислав Бркиќ.