Јотовски реди победи во новата година, преку Белалуна до четвртфинале во Тунис

Томислав Јотовски продолжува да реди победи во новата тениска сезона, откако денес успеа да обезбеди четвртфинале на ИТФ фјучрсот во Хамамет, Тунис кој се игра на земјена подлога, за вредност од 15.000 американски долари.

Нашиот најдобар тенисер во второто коло за само еден час игра со убедливи 2-0 (6-2, 6-3) го среди домашниот претставник Мохамед Али Белалуна и закажа дуел со Серхи Перез Контри од Шпанија.

Што се однесува до настапот во двојки Јотовски заедно со својот партнер Николиќ беа елиминирани од првите носители Бортолоти и Оклепо од Италија (7-6, 6-4).