Јотовски без загубен гем го „растури“ Калин од САД и е на чекор од главната фаза во Плантејшн!

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски, е на чекор од пласман во главната фаза од ИТФ фјучрсот, кој се одржува во Плантејшн, САД.

Синоќа, 27-годишниот Јотовски извојува уште еден победа и тоа повеќе од убедлива, без загубен гем, против Русинот, Иван Калин, во рамките од третата квалификациска рунда од овој турнир. 

Сега на нашиот тенисер му преостанува уште една пречка, а таа е победа над 1.410. тенисер на светот, Мајкл Зу од САД за да обезбеди пласман во главниот дел од овој турнир, кој има награден фонд од 15.000 долари.