Ѓорческа и Јотовски со значителен пад на ВТА и АТП листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го доживеа најголемиот пад во последните неколки месеци, откако во најновиот ВТА ранкинг се наоѓа за 31 позиција послабо пласирана од пред две недели. Ѓорческа со 254 поени сега се наоѓа на 212 место.

Елиминацијата во првото коло од квалификациите на Вимблдон е главната причина за падот на листата на тетовчанката. 

Нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски падна за осум места на АТП листата и сега е на 777. позиција во светот. Јотовски вчера триумфираше на турнирот во Грузија и поените од овој турнир ќе ги добие следната недела.