Ѓоковиќ се соочува со казна: Жал ми е, ги прифаќам последиците од овој инцидент!

Новак Ѓоковиќ синоќа за првпат оваа година го победи рекетот број еден на светот, Едни Мареј, со што ја одбрани титулата на АТП 250 турнирот во Доха. Сепак, Србинот се соочува со казна од страна на ИТФ поради мал инцидент на вчерашното финале.

Ноле во првиот сет после загубен поен нервозно реагираше и со рекетот зафати едно топче, кое го погоди еден гледач на трибините. 

„Дефинитивно не сакав никого да погодам. Тоа едноставно се случи несакајќи. Среќа што не добив поригорозна казна, но сè уште ми е жал што се случи тоа. Знам дека направив грешка и ги прифаќам последиците од овој инцидент“, изјави Ноле.

Исто така, овој потег на Ѓоковиќ крена многу прашина кај британските медиуми и фанови кои „удрија“ по главниот судија на мечот. Тие сметаат дека ваквиот потег требаше веднаш да биде регистриран од судијата и српскиот тенисер да добие дисквалификација.