ВИДЕО: Ѓоковиќ победи, но Мареј ги освои срцата на трибините во Доха!

Пред неколку часа заврши толку очекуваниот прв дуел во новата година на големите ривали Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ. Србинот славеше со 2-1 во сетови, а мечот го одбележа потегот на Шкотот кон средината на вториот сет. 

Имено, Ноле при еден незгоден доскок падна на теренот, а Мареј во истиот момент истрча кон него за да провери дале сè е во ред. Ѓоковиќ смогна сили и го продолжи натпреварот, а првиот рекет на светот за овој потег доби овации од присутната публика. 

Ова е само уште еден податок плус дека, иако се големи ривали на тенискиот терен, нивното пријателство е бесценето.